Актерот кој многу ретко зборува за својот приваен живот, конечно за прв пат јавно се отвори за се она што се случуваше во последно и ја бранува целата јавност. Тој отворено прозбори за алкохолизмот и потресниот развод со сопругата Анџелина Џоли. Ова е едно ако не единствено интервју во кое 53-годишниот актер раскажа што се случуваше во неговиот живот изминатата година.
Анџелина пред 6 месеци поднесе барање за развод, кој беше резултат на инцидентот откако во алкохолизирана состојба тој се дерел на 15 годишниот син Медокс. Бред сега живее сам со својот булдог во престижна населба во Холивуд Хилс каде што неодамна го посети познатиот новинар од списанието за кое тој јавно проговори.
Бред во интервјуто споменува дека алкохолот кој тој го конзумирал секојдневно, сега го заменил за сок од брусница и минерално вода и секојдневно сам приготвувал здрава храна, а деновите ги поминува во својата работилница каде изработува дела од глина и дрво. Тој исто така споменува дека со својата поранешна сопруга сеуште преговараат за посетите на нивните деца, но суптилно изјави дека сеуште е вљубен во неа иако нивниот брак заврши..