Категории

Емотивно видео од браќата кои за прв пат го гледаат светот во боја

Шарениот свет околу себе често го земаме “здраво за готово”. Во емотивното видео браќата Џими и Џејс, двајцата далтонисти, ги пробуваат наочарите кои им овозможија за прв пат да ги видат вистинските бои.

Само неколку секунди по ставањето на наочарите, двајцата браќа се преплавија со солзи радосници.

Видеото го сними нивната мајка, нарекувајќи го тоа искуство “посебно и неверојатно”.

Посебните наочари кои го ублажуваат далтонизмот ги направи компанијата “EnChrome”, а тие ќе направат разлика за 10 милиони Американци кои се погодени од ваквиот вид на слепило.

Погледнете подолу зошто реакцијата на браќата за една недела ја погледнаа преку половина милион луѓе…

Прегледи:
385
Објавено на:
29.06.2016