Категории

Емоционално рециклирање – Кога старата љубов ќе стане нова

Знаете, тоа понекогаш успева, но најчесто не. Меѓутоа нема начин да знаете дали ќе успее или не ако не и пружите нова шанса на старата љубов. Имате право да го направите тоа, иако се чувствувате како будала. Имате право да дознаете дали тоа чувство е валидно. И имате апсолутно право да не испаднете будала онаква каква што се чувствувате. Времето е будало, ретрогрдната Венера ни ги тегне ушите и многумина во овој период ќе се сретнат со потенцијално емоционално рециклирање.

Кога ќе помине некое време од прекинувањето на врската од која веројатно сте се опоравиле а во меѓувреме, сте започнале и прекинале уште неколку врски (или повеќе од нив), старата љубов која се појавув изненадно навистина делува како сила која ги решава нештата.
Ви се чини дека бившиот е подобар од будалата на која во меѓувреме сте налетале. Па можеби и е, реално. Ви се чини дека се променило и тоа можеби е точно. И ви се чини дека и вие сте се промениле (дека сте постари, потолерантни а можеби и уплашени за иднината).
Во ред, сето тоа делува реално. Меѓутоа, таа реалност е само отсјај на лизгава површина на вашата „краткорочна“ меморија. Гледајте, постои нешто кое се нарекува ќелиско помнење. Врската која сте ја создале не исчезнала само така што сте го прекинале односот. Сиот оној допамин, окситоцин, возбудолин и оргазмин, се жигосале во вас на ќелиско ниво.
И кога драгиот бивш ќе се појави, складираната хемија излегува во пресрет радувајќи се дека добива прилика повторно да проработи.
Органскиот дел од врската е оној на кого му треба многу време за да изумре – всушност, му треба друга свежа органска врска која ќе направи нови доминантни записи. Бидејќи тоа сеуште не се случило, избледената органска конекција сеуште има доволно сила да се распали.

И можеби сте го започнале процесот на рециклирање длабоко во себеси прашувајќи се што не е во ред со вас и дали воопшто некогаш ќе сретнете некој нормален. Сомневајќи се огорчено во сите тие приказни за компатибилните партнери и уште поогорчени во сите бајки за сродни души.
Тоа воопшто не постои, беснеете во себе, постои само среќа, па ете некој едноставно има среќа да ја пронајде вистинската особа и да остане со неа.
И тоа е ретка среќа која посматрајќи околу себе ја гледате кај многу парови.
Немате среќа, можеби ќе останете сами, можеби воопшто не вреди ништо што правите или не правите – не ви е дадено, луто размислувате балансирајќи помеѓу чувствата и бесот.

И тогаш се појавува бившиот а вие го препознавате со целото свое битие, затоа што ништо не е поприродно од тоа. Се фаќате за сламка на спасот и низ водата допливува гума. Ете, среќата плачи од смеа над вашата судбина.

Ќе се фатите за спасувачката губа, секој кој би се давел ќе го направи тоа. Нормално. Ќе живнете, ќе почувствувате надеж и ќе ви се чини дека тоа е подобро отколку повторно да запознаете некој нов, да вложувате во своите чувства, да се навикнувате, прилагодувате, ускладувате, заљубувате, разочарувате, и на крај да сфатите дека си имате работа со гума. Но секако познатата гума пружи многу повеќе верност отколку непознатата.
Дури и ако цинизмот допре до оние делови од вашиот мозок кои не содржат јаснотија, расудување, ќе ризикувате да се фатите на тоа чувство за спасување.

Ќе ве одведе на познато тло. Само оддалеку се сеќавате дека тоа тло е мочурливо, и на моменти како жив песок. Но барем гумата плива, барем додека ја носат брановите, нема врска барем пак ќе стигнете до некој крај и тоа можеби е најдоборот што можете да го добиете.
Најголеми се шансите дека ќе ги рециклирате своите чувства, порано или подоцна ќе го воочите квалитетот на тој материјал. И постојат минимални шанси дека и двата сте ја увиделе грешката што се се разделиле и сте дозовлиле да се изгубите себеси еден со друг и дека сега сте поподготвени, поодлучни, попаметни и позрели во својата одлука да го градите својот однос од почеток.
Вреди да се ризикува.
Најлошото што може да ви се случи е да завршите со гумата со која еднаш сте завршиле баш од истите причини. А знаете дека постои и онаа „трета среќа“?
Секоја будалаштина е реална се додека се впуштате во неа. А како иначе ќе се опаметите?