Категории

Енергетски бомбици од суво овошје: Слатки бомбици што го зајакнуваат имунитетот (РЕЦЕПТ))

Брзи и здрави бомбици во комбинација од свежо и суво овошје секогаш се идеален избор како природен извор на витамини А, Б, Е, кои го зајакнуваат имунитетот и обезбедуваат заштита од инфекција..

Состојки (за 20 бомбици):

  • 2 дцл. бадемово млеко
  • 2 помали моркови
  • ¼ чаша печени бадеми
  • ¼ чаша семки од сончоглед
  • ¼ чаша сушена брусница
  • ¼ чаша суво грозје
  • ¼ чаша кокосови снегулки
  • 4 урми

 

Подготовка:

Изблендирајте ги сите состојки во блендер. Од смесата формирајте бомбици со саканата големина и ставете ги во ладилник за да се стегнат. Овие примамливи и сочни бомбици можете да ги чувате во ладилник и до 4 дена.

Прегледи:
1173
Објавено на:
08.03.2020