Категории

Есен 2020: Нијансата на петролеј повторно на врвот на модната сцена

Пристигна нова вест од модниот свет – нијансата на петролеј повторно се враќа на сцената.

Кога се во прашање боите, трендовите секогаш се менуваат па никогаш не се знае која боја ќе биде следниот најжежок тренд. Оваа есен ќе се случи неочекуван пресврт, нијансата која долго време беше заборавена и фрлена во сенка, повторно се враќа на врвотна модната сцена – се работи за темно зелено-сината нијанса наречена петролеј.
Претстојната сезона таа ќе донесе свежина и разиграност во есенските модни комбинации, правејќи го секој стајлинг впечатлив и вибрантен.
Нијансата петролеј важи за исклучително моќна, грациозна, и раскошна истакнувајќи доза на супериорност и карактер.
Еве како трендсетерките ја комбинираат најпопуларната боја за есен 2020.