Категории

Ева Лонгорија го доби она за што многу познати личности сонуваат цел живот!

Актерката Ева Лонгорија, најпозната по улогата на Габриел Солис во серијата „Очајни домаќинки“, доби нешто што го чекаше цел живот. 

 

Имено, на „Булеварот на познатите“ во Холивуд доби своја ѕвезда. Семејството и пријателите прославиле со познатата актерка, а меѓу нив биле Рики Мартин, Викторија Бекам, Ана Фарис, Мелани Грифит, Кери Вашингтон, како и Фелисити Хофман, која глумеше заедно со Ева во серијата „Очајни домаќинки“.

„Се чувствувам како и понатаму да сум истата девојка од Тексас со големи соништа. Како жена и како Латиноамериканка претставувам многу заедници, и сакам да им порачам – ова не е моја ѕвезда, ова е наша ѕвезда“ – изјавила таа.

Прегледи:
432
Објавено на:
20.04.2018