Категории

ЕВЕ КАКО ДА ГИ ПРЕТВОРИМЕ СТАРИТЕ ЧЕВЛИ ВО НОВИ

 

Една од најфрустрирачки работи за една девојка е моментот во кој таа гледа дека нејзините омилени чевли веќе изгледаат стари и истрошени. Другото разочарување е кога се потпираме на некој пар чевли и кога ќе сфатиме дека тие не се во состојбата во која сме си мислеле дека се.

Девојки, ние целосно ве разбираме и затоа сме ви подготвивиле неколку совети со кои ќе може да им дадете на старите чевли целосно нов изглед, без да мора да потрошите вишок пари за тоа.

Бојадисување – Ова е еден од најпопуларните, лесни и евтини начини на кои можете да ги трансформирате вашите чевли. Боја за чевли може да купите во речиси секоја продавница за чевли, а нејзината употреба е исклучително лесна. Кожата е лесна за бојадисување, но имајте во предвид дека се продаваат и специјални бои за велур.

Дајте ги на чевлар – Ако проблемот на вашите чевли е што на некои места се излижени дајте ги на чевлар тој ќе ги поправи и ќе изгледаат совршено здрави.

Додадете им сјај – Додавањето на декорации и сјај на вашите чевли ќе им даде една целосна промена која ќе ги претвори старите чевли во нови и прекрасни. Во повеќето кројачки продавници се продаваат монистра, сјај и различни декорации, со кои можете да ги направите своите чевли навистина уникатни.

Додавање или отстранување на ленти – За да направите целосна промена на своите чевли, можете да додадете дополнителни каишки на глуждот. Овој тип промена е исклучено погодна како за мокасини, така и за високи чевли. Друга можност е да ги отстраните каишките, кои не ви се допаѓаат.

Ставете им панделка – Тоа е толку лесно! Само треба да изберете една лесна материја и да направите две еднакви парчиња од неа, кои ќе ги заврзете на предниот дел на чевлите, во форма на панделка. Ако вашите чевли немаат каишки, на кои ќе врзете панделка, тогаш користете лепак, со што ќе ги држи. Можете да додадете и една мала панделка на задниот дел на чевелот, зад вашата пета.

Прегледи:
502
Ознаки:
·
Објавено на:
16.04.2016