Категории

Еве како да ја освоите секоја девојка која ќе ја посакате

Колку сте им привлечни на припадничките од спротивниот пол не зависи само од физичкиот изглед. Ако сакате да бидете неодоливи, важно е како и што зборувате, колку пријатели имате… Еве како да ја освоите секоја девојка која ќе ја посакате.

Бидете интересни

Не мора да глумите кловн, но многу студии покажале дека на жените им се попривлечни мажите кои знаат да ги насмеат. Во една студија, психологот ги замолил мажите на своите пријатели да им кажат некоја шега, додека жената седи на маса покрај нивната – оние кои кажувале шеги, имале три пати поголеми шанси да добијат телефонски број од девојката.

„Објаснувањето за тоа што жените ги сметаат за попривлечни духовитите мажи е можеби во тоа што тие ги сметаат за подруштвени и поинтелегентни, а тоа се особини кои жените ги сакаат кај партнерот“, објаснува антропологот Џил Грингрос.

Опкружете се со пријатели

Ако малку размислите за тоа, сосема е логично – никој не сака луѓе кои не се пријателкси расположени. Една студија од 2014 година спроведена на Универзитетот во Калифорнија, открила дека луѓето кои се наоѓаат во група, ги сметаме за поатрактивни. Експертите објаснуваат дека кога ќе ги видиме луѓето во група, нивните лица ни изгледаат „просечно“, односно атрактивно.

Заборавете ги фразите

Студијата која ја спровел психологот Артур Арон на Универзитетот во Њујорк, покажала дека луѓето кои се директни, кои ги прескокнуваат фразите и „воведните разговори“, ги сметаме за попривлечни.

Бидете „главни“

Луѓето ги привлекува моќта, тоа не е никаква новост. Една студија спроведена во 2014 година, покажала дека луѓето мислат дека „лидерот“ на групата е поатрактивен од членовите во неа. „Оваа студија покажува дека привлечноста не е врзана само за физичкиот изглед, дека тоа не е нешто статично“, вели авторот на студијата, Кевин Книфин.

Повеќе да се смеете

Во два одвоени експерименти, истражувачи во Швајцарија ја испитувале врската измеѓу привлечноста и смеењето. Резултатот на експериментот бил – колку повеќе се смее, толку лицето е поатрактивно. Уште повеќе, насмевката е компензација и за не многу привлечни црти на лицето.

Бидете пријатни

Кога некој е пријатен, љубезен, веднаш имате подобро мислење за него, нели? Токму тоа го докажала и студијата спроведена во Кина во 2014 година – кога луѓето ќе слушнат како некоја личност му помогнала некому, колку е добра и фина, таа личност ја сметаат за попривлечна.

Набавете милениче

Жените сметаат дека мажите кои имаат домашно милениче, особено куче, се подобар „материјал“ за сериозна врска. Грижата за домашно милениче на дамите им дава сигнал дека мажот е подготвен за обврски, дека не е себичен и дека е посветен. Исто така, сметаат дека таквите момци се поопуштени, подостапни и посреќни.

Прегледи:
405
Објавено на:
23.08.2018