Категории

Еве како науката ја објаснува оваа појава: Зошто старите повреди болат на промена на времето?

Можете да го предвидите дождот бидејќи секој пат пред да врне ве боли раката која што сте ја повредиле порано? Еве како експертите го објаснуваат тоа

Чувството на болка на местата каде што претходно сте се повредиле е вообичаен показател за промена на времето. Но, зошто се случува ова?

Научниците велат дека тоа е еден вид на феномен. Проучувајќи го овој феномен од почетокот на минатиот век, дошле до неколку заклучоци.

Врската помеѓу болката и променливото време е од намалувањето на атмосферскиот притисок што предизвикува мекото ткиво и течноста да се шират во зглобовите и со тоа да ги надразнат нервите и на тој начин ја предизвикуват болката. Ова е типично за артритичните зглобови или за зглобовите кои се предходно повредени.

Според некои студии, промените во атмосферскиот притисок можат и да ја зголемат, но и да ја намалат болката.

Научниците исто така вршеле испитување и на влијанието на температурата и влажноста на ваздухот на повредените делови на телото и болката, но не се добиени конкретни податоци.

При проучување на оваа појава се наидува на многу препреки од една едноставна причина, целата научна работа се заснова на субјективното доживување на болката на пациентите кои што учествувале во истражувањето, поради што е тешко да се постигнат точни резултати.

Прегледи:
351
Објавено на:
19.10.2019