Категории

Еве што да направите за букетот цвеќе подолго да трае

Некој ве израдува со преубав букет и сигурно сакате вашето цвеќе колку е можно подолго да трае. Еве неколку корисни совети.

Рози, каранфили и хризантемите сакаат повеќе вода во вазната. За лалињата и герберите доволно е водата да исполнува една третина од вазната. На герберите водата им се менува секој ден, а на лалињата само треба да им долевате вода. На Гладиолите треба да им се симнат последните три пупки за цветовите побрзо се развијат. Мимозите траат подолго во млака вода, и цветовите треба да се прскаат секој ден.

Цветовите на орхидеите, камелиите и цикламите не треба да се прскаат со цел да се избегне појавата на грозни дамки и гниењење. Цвеќињата што имаат шупливо стебло, како на пример Амарилис треба да се потсекуваат секој втор ден.

Како да го задржите цвеќето свежо?

– Ставете го цвеќето во млака и отстоена вода, а не во студена.

– Во водата ставете малку сол.

– Лажичка шеќер во водата ќе направи чудо.

– Стеблата поткастрете ги дијагонално, потопете ги за миг во врела вода, а потоа ставете го во вазна.

– Ставете аспирин во водата.

– Лалињата долго ќе останат свежи во вазна, ако додадете една лажица скроб.

– На дното на вазната со рози и друго сечено цвеќе ставете парче бакарна жица.

– Не го чувајте цвеќето во близина на овошје или зеленчук.

Прегледи:
454
Ознаки:
· ·
Објавено на:
08.03.2017