Македонскиот пејач Ристе Ристески е победник на овогодинешното издание на „Ѕвездите на Гранд“. Со освоени 76.226 гласови, Ристески беше убедлив победник според изборот на публиката, пред конкурентот Армин Дедиќ, кој освои околу 45.000 гласови.
Заврши уште една сезона од најпопуларното музичко натпреварување на нашите простори, „Ѕвездите на Гранд“, оваа година со двајца победници.
Според гласовите на жирито, победник е Алекса Перовиќ, додека според гласовите на публиката победи нашиот Ристе Ристески од Охрид.
Ристе освои дури 76.226 СМС гласови, а се претстави со песните „Во љубов вера немам“ од Оливер Драгоевиќ и Џибони, а потоа „забрза“ со „По тебе“ од Тоше Проески.
Ристе за победата добива автомобил, победничка статуа и две песни за почеток на неговата музичка кариера.