Категории

Еве што се случува кога поминувате 2 часа дневно во потполна тишина

Во нашиот брз начин на живот, деновите и годините проаѓаат, а ние не обрнуваме внимание на тоа колку нашиот мозок е загаден, покрај сѐ што се случува околу нас..

Бучавата која прекумерно го стимулира нашиот мозок, предизвикува стрес, нерасположение, депресија, анксиозност.. Пограмирани сме да слушаме некои звуци во секојдневниот живот без да ги забележуваме. Звукот на телевизорот, радиото, или бучавата на луѓето на улица, нашите мобилни, бучавата од соседството, градот.. Бучава буквално насекаде.
Но ние воопшто не сфаќаме дека таа прекумерна стимулација му предизвикува штета на нашиот мозок.
Научните истражувања покажаа дека тие предизвикуваат поголема штета отколку што сме свесни, пишува The minds journal. Дали може оваа штета да биде поправена? Да, научните студии, исто така покажуваат дедка тишината има моќ да ги поправи нештата, а ова е начинот на кој се прави тоа.

Тишината ни помага да се смириме и да се чувствуваме спокојно
Доколку би можеле себеси да си дозволите два часа тишина секој ден, ќе направите нешто многу здраво за вашиот ум и тело. Во тишина, мозокот почнува да се прилагодува на мирната состојба на духот и тогаш се чувствуваме опуштено и мирно.
Го регулираме дишењето што го смирува и нашиот мозок наместо да се фокусираме на стресните случување. Можеме дури и да се чувствуваме поспано.

Докажан е фактот дека тишината има моќ да подмладува и да ги поправа мозочните ќелии. Ако два часа дневно поминуваме во тишина, мозокот започнува процес на поправања. Вашата меморија ќе почне да се подобрува и ќе бидете многу по одморени со поголема концентрација и толеранција на стрес.

Таа го сголемува нашиот фокус, тоа ќе ви помогне да го подобрите вашето внимание и способност за подобро извршување на обврските и поголема продуктивност.

Прегледи:
537
Објавено на:
26.11.2019