Грчевите во мускулите обично се појавуваат при нагло истегнување на стапалата. До тие проблеми честопати доаѓа додека пливаме, за разлика од останатите спортови, бидејќи стапалото е секогаш под напор.
Прва помош во вода
Секој кој барем еднаш доживеал да го фати грч, знае колку може тоа да биде непријатно. Најважно од се е штом почувствувате грчење на мускулот, веднаш да престанете да ја правите одредената активност. Но, пливањето е една од ретките ситуации кои тоа не го дозволуваат, без обзир на грчот на мускулите. Затоа, направете го следново:
- одржувајте се на површината на водата и истегнувајте се и масирајте го мускулот
- колку што можете побргу излезете од вода
- ако грчот не помине за 5 минути, продолжете со масирање
- не почнувајте повторно да пливате додека не помине грчот во мускулот