Категории

Еве во кои земји бурмата ја носат на лева, а во кои на десна рака

Многу земји имаат различни адети за тоа на која рака се носи венчалниот прстен. Во Македонија бурмата најчесто стои на десната рака, но тоа не е строг обичај.

Според старото верување, прстенот се става на домалиот прст од левата рака затоа што тој е директно поврзан со главната срцева вена, која на латински се вика vena amoris.

На лева рака прстенот се носи главно во западните земји, меѓу кои Словенија, САД, Канада, Франција, Ирска, Италија и Мексико, како и во Австралија, Египет, Романија и Шведска.

Постојат неколку причини зошто прстенот се носи на десната рака, пред сè, затоа што не постои пишано правило на која рака треба да стои, па тоа се смета за слобода на избор.

Многу научници сметаат дека носењето на прстенот на левата рака е лошо за здравјето на луѓето што страат од ревма или од болести од кои потекуваат зглобовите.

Главната причина, сепак, се културата и традицијата. Освен во Македонија, на десна рака прстенот го носат и во Србија, Грција, Бугарија, Германија, Русија, Украина…

Прегледи:
477
Категории:
Занимливости
Објавено на:
16.01.2016