Откако компанијата Facebook ја купи тинејџерската аплицкаја за правење анкети “tbh”, на своите корисници им овоможи да прават анкети, слични како оние на Instagram.
Фејсбук ja воведе новата опција, која по креирањето, на вашите пријатели и следбеници им овозможува да ја одговорат.
Новата карактеристика е достапна за десктоп и мобилната верзија на Facebook. На прашањата можете да одговорите со испраќање на фотографии и GIF-ови.
Анкетите не се анонимни, што значи дека личноста која ја креира анкетата, како и оние кои ја одговориле, можат да го видат вашиот одговор.