Категории

Фасцинантна локација: Село во Норвешка има најубав стадион во светот! (ФОТО)

Стадионот Хенингсвер во истоименото норвешко село со околу 500 жители го опкружуваат врвови и магична природа, а многумина го сметаат за најнеобичниот и најубавиот фудбалски стадион во светот.

Групата острови Лофоти дури во 2007. година е поврзана преку мостови со остатокот од светот, а без обзир на оддалеченоста, островите се вброени на листата на места кои вреди да ги видите барем еднаш.

Освен благата клима и зимските температури околу нула, вљубениците на фудбалот сонуваат да го посетат Лофоти поради фасцинантниот стадион Хенингсвер, на кој тренираат рекреативци од фудбалскиот клуб Хенингсвер ИЛ и деца.

Карпестиот остров на кој се наоѓа стадионот го опкружуваат остри карпи, а околу игралиштето се наоѓа парче асфалт. Речиси секоја топка може да заврши во морето, но бидејќи станува збор за стадион за рекреација, тоа никому не му пречи.

Покрај стадионот, селото привлекува внимание и поради прекрасната авантура, преслатките дрвени куќарки и малите уметнички галерии.

Прегледи:
1168
Објавено на:
20.11.2021