Категории

ФЕДЕРЕР СЕ ОТКАЖА ОД РОЛАН ГАРОС

Легендарниот швајцарски тениски ас ,Роже Федерер го откажа учеството на Ролан Гарос поради повреда на грбот што не успеа да ја санира во изминатиов период.

Поранешниот прв светски рекет го пропушти  Мастерсот во Мадрид,се врати на турнирот во Рим каде стигна до 3.коло и беше поразен од Доминик Тим.На почетокот на 2016 тој имаше и операција на коленото. Федерер денеска   изјави дека имал  напредок при рехабилитацијата, но се уште  не е  сосема  подготвен за игра . Тој смета дека би бил  огромен и непотребен ризик да настапува  на така силен турнир кога не може  да го даде максимумот,но ќе си  овозможи   подобра кондиција за  преостанатиот дел од сезоната.Роже  Федерер нема пропуштено Грен слем турнир во овој век.Победникот на Ролан Гарос од 2009 година бележи неверојатна серија од 65 последоваталени настапи на турнирите од Големата  четворка.Отвореното тениско првенство на Франција почнува во недела на 22.мај.Титулата ја брани Стан Вавринка а прв фаворит е Новак Ѓоковиќ.

Прегледи:
500
Категории:
Спорт · Тенис
Објавено на:
19.05.2016