Категории

Фенг Шуи совети за привлекување љубов во животот

Личностите кои практикуваат Фенг Шуи веруваат дека најдобриот начин за привлекување љубов во животот е да се направи промена во околината која не опкружува. Ви наведуваме неколку совети кои ќе ви помогнат да привлечете љубов и да ја задржите страста во долги врски или бракот.

Заменети ги сликите од осамени личности во слики на среќни парови
Уметничките дела имаат значајно влијание на нашата потсвест. Кога ќе се опкружите со фотографии, слики или скулптури на соло личности, постепено ќе се прилагодите и себеси на таа визија. Замената на таквите слики со среќни парови ќе ве направи отворени за љубов.

Отстранете го телевизорот од спалната соба
Ништо не ја убива романтиката како доцно ноќно гледање телевизија. Ако имате проблеми со спиење, обидете се да читате поезија или романи. На тој начин вашата потсвест ќе создаде виртуелен љубовен магнет.

Набавете сензуален прекривач
Старата перница со детски слики нема да го направи вашиот сексуален живот поинтересен. Купете свилени или сатенски перници и прекривачи, тие привикуваат страст во креветот.

Подгответе се за друштво
И ако живеете сами, држете повеќе простор во плакарот слободен. Исто така купете уште една четка за заби. На тој начин ќе си демонстрирате на себеси волја за делење на просторот со уште една личност. Вашиот романтичен потенцијал ќе биде освежен.

Размислувајте „розово“
Топлите бои како што е розевата или црвената значително ќе го освежат вашиот љубовен живот. Нежните нијанси како што се розе, корална и други пастелни нијанси ќе пивлечат нежен партнер, додека темните бои како портокалово-црвена, бордо, ќе привлечат партнер кој ќе ја открие вашата страствена и авантуристичка страна.

Прегледи:
823
Објавено на:
21.11.2020