Малите промени и уредувањето во домот на младите парови може да го подобри протокот на енергија во истиот, што всушност може да допринесе за остварување на посакуваното потомство.
Фенг Шуи подразбира систем на работа за поздрав дом и здрав живот. Според традиционалната кинеска медицина кога ќе дојде до прекин на енергијата во меридијаните на телото, настануваат здравствени проблеми. Истото важи и за вашиот дом. Доколку енергијата на просторот не е прочистена и во домот не е правилно ускладен енергетскиот проток, членовите на семејството може да имаат разни животни и здравствени проблеми. Домот претставува организам на семејството кое го користи тој простор и секој дел е поврзан со одреден орган.
Прво треба да се среди нередот
Секој дом би требало да биде уреден пред започнувањето на заедничкото живеење, бидејќи енергијата во домот треба да се усогласи со новите становници. Доколку, домот не е уреден, за здрави промени и позитивност никогаш не е касно. Постојат основни правила кои би требало да се спроведат а тоа се: средување на нередот, фрлање на непотребните работи, складирање на чевлите од влезниот дел на ходникот, уредување на спалната соба… Секогаш треба да започнете од овие основни работи, бидејќи се клучни за отстранување на енергетската блокада во еден организам (неред во домот-застој на функцинирање на одреденеи органи).
Фенг Шуи “помошници“
Било кој вид на активатор (фигури или слики кои визуелно прикажуваат зацртана желба или цел) може да се постави во просторот, но по уредување на домот. Залудно е да се стави свежо цвеќе во вазна со валкана вода?! Доколку сте го средиле вашиот дом по принципот на енергетското прочистување и уредување по Фенг Шуи системот, тогаш можете да закачите слика на бебе во вашата спална соба, но тоа нека биде некое непознато бебе, не некое кое го познавате. Многу често се случува, по чистењето на аурата на некоја личност која сака да создаде потомство, и која нажалост имала неуспешни обиди, многу брзо по енергетското чистење и поставување на активаторите, да се случи посакуваното.
Треба да се знае дека не е само просторот кој што треба да се промени, туку и самата личност, до тој степен што и промената на исхраната во нивните животи може да донесе позитивност.
Според Фенг Шуи треба да се избегнува следново:
– Спиење со нозете свртени кон вратата на спалната соба
– Спиење под плафонски греди
– Користење на огледало во спалната соба
– Спиење на кревет кој има испод фиоки (нема проток на енергија и аурата не може да се регенерира за време на сонот)
– Користење на електронски штекери кои се во близина од 70 цм од главата, односно преницата.
Акупунктура на просторот
Домот претставува жив организам и функционира на одреден начин како и телото кое го користи тој простор. Традиционалната кинеска медицина тврди дека одредена болест може да настане како резултат на пореметување на енергетскиот проток во телото. Акупунктурата го отстранува енергетскиот застој во одредени делови на телото и при тоа придонесува за полесно зачнување. Акупунктурата на просторот исто така значително делува на организмот на корисникот. Секој дел од просторот, по компасна дирекција, претставува одредени органи и делови на телото. Особено треба да се обрне внимание на три области: областа која ја претставува мајката, таткото и зачнувањето. Секоја постапка во Фенг Шуи системот и секое помошно средство делува како игли за акупунктура кои го закрепнуваат и активираат организмот.
Ново преуредување пред породувањето
Кога жената ќе остане бремена, пожелно е да го преуредите просторот пред породувањето. Просторот треба да го припремите за новиот член на семејството, што практично значи дека треба да го пронајдете правото местото и позицијата на креветчото на бебето кое ќе биде по компасен правец. Неопходно е и енергетско прочистување, пред бебето да стигне во домот.