Категории

Феномен убавицата и ѕверот: Зошто привлечните жени бираат погрди мажи?

Првото нешто што го забележувате кај потенцијалниот партнер е физичкиот изглед. Убавината на вашиот избраник дефинитивно го одредува вашиот статус во врската.

Џошуа Олтманс од Универзитетот во Кентаки открил дека луѓето кои имаат партнери за кои сметаат дека се поубави од нив, имаат многу поголеми шанси да развијат одредено однесување за да се осигураат дека нема да ги напуштат.

Но, ако го сметаат партнерот помалку атрактивен од себе, луѓето многу помалку се трудат околу него. Добро сфативте! Научниците тврдат дека луѓето потсвесно бираат партнери кои се помалку привлечни од нив за да мораат помалку да се трудат околу нив.

Во исто време, помалку атрактивниот партнер повеќе ќе се потруди да ве усреќи од оној другиот. Затоа, следен пат кога ќе се запрашате што прави некоја згодна девојка со тој тип – ова е вашиот одговор.

Прегледи:
510
Објавено на:
26.01.2019