Категории

Фестивалот EXIT е вистински феномен!

Фестивалот “EXIT” во Нови Сад оваа година постави нов рекорд за бројот на посетители, бидејќи низ фестивалските врати поминаа повеќе од 195.000 гости. Но, она што е фасцинантно е податокот дека и покрај огромната посетеност, фестивалот поминал без ниту еден поголем инцидент.

Организаторите навистина ги заслужуваат сите пофалби, бидејќи е навистина многу тешко да се обезбеди сигурноста на скоро 200.000 млади луѓе, на толку голем простор како што е Петроварадинската тврдина и на толку многу поставени фестивалски сцени.

Директорот и основач на “EXIT”, Душан Ковачевиќ, го изрази своето задоволство од резултатите на овогодинешниот фестивал, кој како што вели, од година во година го зголемува бројот на посетители, но и квалитетот на понудата.

Тој истакна дека безбедносните структури му упатиле честитки за начинот на кој било организирано обезбедувањето на тврдината и на остварените резултати во тој поглед, истакнувајќи дека “EXIT” треба да претставува пример за сите други манифестации во регионот, а и пошироко.

“На сите нам во организацијата на прво место ни беше безбедноста на посетителите и навистина можеме да бидеме задоволни кога фестивалот ќе помине како овогодинешниот”, истакна Ковачевиќ по завршувањето на фестивалот.

Прегледи:
397
Објавено на:
14.07.2016