Категории

Февруари е месец посветен на љубовта: Изненадете ја вашата сакана со незаборавен третман во La Sensa

Секоја година, денот на вљубените е повод да ја изненадите својата сакана личност, да покажете нежност, грижа и љубов. Кога станува збор за најдобриот подарок за жената, тоа секако е поврзано со разубавувањето и опуштањето. Токму затоа, студиото за убавина La Sensa и оваа година се погрижи да создаде понуди по намалени цени за Денот на вљубените кои може да ги искористите од 10. до 20. февруари. Февруари нека биде во знакот на убавината, љубовта и уживањето. 

Клеопатра третман на лице 

Клеопатра третманот е вистински благодет за вашето лице. Најпрво, се чисти лицето со млеко од кавијар, а потоа 5 минути се масира при пилинг со гранули од кавијар. Откако ќе се избрише млекото, се нанесува бисерна маска со млеко кавијар и бисерна прав која стои 15 минути. Откако ќе се излупи се нанесува лосион за измазнување на лицето со серум на база на млеко и кавијар и се масира 15 минути. Пред самиот крај се нанесува ампула која дејствува моментално и ја регенерира кожата, а на крај се нанесува крема и бостер за заштита од надворешните влијанија. Резултатите и ефектите од овој третман се видливи и трајни, а се препорачува да се повторува еднаш месечно. Овој третман ќе го добиете по специјална цена со намалување од 50% за само 1500 денари.

Пилинг на грб +  масажа 

Грбот е дел од телото до кој потешко достигнуваме, па поради тоа е и најзапоставен. Иако се тушираме секојдневно, на грбот се насобира најголемиот дел од нечистотијата и мртви клетки кои најдобро се отстрануваат преку пилинг. Масажата со пилинг, ќе ви помогне при ревитализација на целото тело, вашата кожа ќе ја направи мазна и нежна, а воедно и ќе го поттикне телото да создава колаген кој и дава на кожата сила и издржливост и допринесува за нејзиниот младешки и здрав изглед. Овие услуги ги добивате за неверојатна цена од 500 денари.

Класичен педикир + гратис парафин на раце и нозе

За да ја спречиме појавата на здравствени тегоби и болки во нозете, од време на време е многу важно да им подариме релаксирачки педикир. На стапалата кожата старее многу побргу од кожата на останатите делови од телото поради многубројните надворешни и внатрешни влијанија. Педикирот се препорачува не само поради естетски, туку и поради медицински причини.

Во последните неколку години, еден од најдобрите третмани за сува и испукана кожа на рацете и нозете е парафинското пакување. Кожата третирана со парафин е длабински освежена и хидрирана. Поради пријатната топлина, парафинското пакување е многу балготворно при ублажување на реуматските тегоби и артритисот. Цената на педикирот заедно со парафин на раце и нозе во овие промотивни денови изнесува само 500 денари.

Во секоја од овие понуди може да уживате од 10 до 20 февруари. La Sensa знае што сакаат жените, токму затоа создаде понуди во кои може да ужива секоја дама. Изненадете ја вашата сакана на најоригинален начин, јавете се во La Sensa и овозможете и опуштање кое засекогаш ќе го памети. Февруари е месецот посветен на љубовта, направете го магичен за вас и вашите најблиски.