Категории

Филип Морис ТКП денеска го лансираше IQOS во земјава

Иновативниот уред IQOS (ајкос) кој направи револуција во тутунската индустрија од денеска е во продажба во Македонија.

IQOS е електронски уред кој го загрева, но не го гори тутунот. Бидејќи се избегнува процесот на согорување, при неговото користење се испушта до 95% помалку штетни состојки од оние кои се создаваат со пушењето. За негова употреба се користи специјално дизајниран несогорлив тутун, а при процесот на негово користење нема чад и пепел.

,,IQOS е производ на кој Филип Морис работеше повеќе од една деценија. Резултат е на работата и посветеноста на над 400 врвни научници и експерти ангажирани од Филип Морис Интернешнл, а инвестирани се повеќе од 7 милијарди долари. Повеќе од 10 милиони возрасни пушачи во 53 земји во светот избраа да преминат од цигарите на овој производ. На овој начин се грижиме за создавање свет без чад, нудејќи им на возрасните пушачи подобар избор“, изјави Михаeл Солтер, генерален директор на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП) ДОО Скопје.

Од денес, IQOS може да се купи онлајн и да се најде во поголемите трговски центри во Скопје.

Компанијата ФМТКП е заедничка компанија на Филип Морис Интернешнл и Тутунскиот Комбинат Прилеп основана во 2014 година.

За Филип Морис Интернешнл: Филип Морис Интернешнл (PMI) прави трансформација во тутунската индустрија со цел да создаде иднина без чад и да ги замени цигарите со производи без чад во корист на возрасните пушачи кои инаку би продолжиле да пушат, општеството, компанијата и нејзините акционери. PMI е водечка меѓународна тутунска компанија која на пазарите надвор од Соединетите Американски Држави се занимава со производство и продажба на цигари, производи без чад и придружни електронски уреди и додатоци, како и други производи кои содржат никотин. Покрај тоа, согласно Договорот за лиценца, PMI до Altria Group го испорачува IQOS и неговите додатоци за кој, Американската администрација за храна и лекови има издадено овластување за продажба. PMI ја гради својата иднина на оваа нова категорија производи без чад, кои, иако не се без ризик, се многу подобар избор отколку пушењето. Преку мултидисциплинарен развој на производи, најнапредни истражувачки центри и научни докази, PMI има за цел да осигури дека производите без чад ги исполнуваат преференциите на возрасните пушачи и ригорозните барања на регулативата. За повеќе информации, посетете ги веб-страните: www.pmi.com и www.pmiscience.com.

Прегледи:
620
Објавено на:
27.05.2020