Категории

Филип Пешевски ја освојува македонската публика со својот прв хит! (ВИДЕО)

22. годишниот Филип Пешевски публиката го запозна по својот дебитантски настап на овогодинешниот Макфест. Претставувајќи се со својата прва песна „Кукло моја несудена“, тој покажа дека станува збор за квалитетен млад вокал кој ветува многу.

Филип е студент на Факултетот за музичка уметност и е пејач во познатиот бенд „Арија“, а „Кукло моја несудена“ е неговата прва соло песна.

Музиката за песната е на Ванчо Димитров, текстот е на Огнен Неделковски, а аранжманот го создаде Никола Автовски. За оваа композиција тој објави и видео запис кој може да го погледнете во продолжение.