Категории

Филипче порачува: Да бидеме совесни и да ги заштитиме вработените во маркети, аптеки, банки и сите кои се исто така изложени на ризик

„Да ги заштитиме сите оние кои одат на работа за да ги обезбедат основните потреби на граѓаните. Вработените во маркети, аптеки, банки и сите останати кои се исто така изложени на ризик овој период. Носете заштитна опрема ако се сомневате дека сте болни, задолжително одржувајте дистанца. Да бидеме совесни и одговорни. Од нас зависи.

Големо благодарам до сите дизајнери кои дадоа свој придонес во борбата против коронавирусот“, се обрати министерот за здравство Венко Филипче преку објавата на неговата официјална фејсбук страница.