Категории

Финска ќе биде првата држава во светот која ќе ги отстрани сите училишни предмети

Едукативниот систем на Финска се смета за еден од најдобрите ширум светот. На интернационално ниво секогаш се наоѓа меѓу најдобрите десет. Но и покрај врвните достигнувања, власта смета дека тој може да достигне уште повисоки резултати, па поради тоа имаат за цел да спроведат нова револуција која засекогаш ќе го промени едукативниот систем.

Image result for finland education
Власта официјално сака да ги отстрани училишните предмети од предвидената настава. Па од тука, предметите како физика, математика, литература, историја и географија нема да постојат повеќе.
Image result for happy kid
Главниот претставник на одделот за едукација во Хелсинки, Марјо Килонен, објасни подетално во врска со деталите за промените:
Постојат училишта каде што сеуште се изучува наставата на многу старомоден начин, кој бил соодветен за 1900-те – но потребите не се сеуште истите и треба да се прилагодиме на 21-от век.
Image result for marjo kyllönen

Традиционалниот формат на комуникација помеѓу ученик-наставник ќе биде променет. Учениците повеќе нема да седат позади клупи чекајќи да бидат повикани да дадат одговор на поставеното прашање. Наместо тоа, тие ќе работат во мали групи водејќи дискусија.

Image result for finland education

Генералната идеја е да се натераат учениците сами да сфатат кое подрачје навистина ги интересира и интригира. На тој начин, ниту еден ученик нема да биде приморен да изучува одреден предмет, а притоа редовно да се прашува „Дали ова ќе ми биде потребно во животот?“

Наместо индивидуалните предмети, учениците ќе изучуваат настани и феномени според сосем поинаков формат. На пример, Втората светска војна ќе биде разгледувана од аспект на историја, географија и математика. Доколку тие се одлучат за да го посетуваат одреден курс, изучуваат комбинација од повеќе области. Овој систем ќе биде претставен за средношколците.

Image result for finland education

Според предвидените проценки, промените би требало да бидат завршени до крајот на 2020 година.

Прегледи:
497
Објавено на:
11.11.2016