Категории

Фитнес предизвик: 30 дена по 100 склекови! Каква промена да очекувате? (ВИДЕО)

Какви промени ќе се случат на телото ако во период од 30 дена секој ден правите по 100 склекови? Овие момци го прифатија предизвикот и покажаа..


Популарниот фитнес тренд кој го прифатија многу луѓе е „100 склекови на ден“. Целта е секој ден да правите по 100 склекови, во период од 30 дена. Не е потребно одеднаш да направите 100 склекови, важно е само да ги направите во текот на денот, па можете да одмарате и да направите вкупно 100 склекови во неколку серии.
Двајца момци кои се занимаваат со фитнес одлучиле да го пробаат овој фитнес тренд и да видат дали нивното телото ќе се промени во период од 30 дена. Тие признаваат дека предизвикот не е ни малку лесен, но по 7-10 дена почувствувале напредок во силата и можеле многу полесно да ги направат склековите.
Тие советуваат сите да го пробаат овој фитнес тренд, бидејќи за 30 дена ќе бидете посилни, поотпорни и поздрави.
Погледнете го видео клипот каде ќе можете да ја видите промената на нивното тело благодарение на склековите.

Прегледи:
1090
Објавено на:
16.06.2019