Категории

Со Флај Туризам полесно до Санторини

Санторини е бисерот помеѓу грчките острови, место кое е препознатливо насекаде низ светот.

Блескави панорами, магично зајдисонце, вулкански песочни плажи, а кога ќе фрлите поглед нагоре ќе ве импресионираат прекрасните бели градби, совршени да го направат овој остров најпривлечна дестинација за 1, 5 милиони туристи годишно.

Место со ваква репутација кое го посетуваат туристи насекаде од светот, многу лесно може да биде вашата следна дестинација за одморање и незаборавно доживување. Сè што треба да направите е да ја посетите туристичката агенција Флај Туризам и со уплата до 31 август, ќе уживате во убавините на уникатниот Санторини за само 11. 100 денари на почетокот на октомври. Во овој период сонцето сеуште силно грее на овој остров, па на тој начин ќе си го продолжите летниот период скратувајќи ги зимските денови во годината кои следуваат.

Не само што ќе ве однесе на Санторини, Флај Туризам ќе се погрижи секој ден да ви го направи неповторлив за целосно да ги доживеете благодетите на овој отров. Прошетка низ Фира главниот град на Санторини, местото на светлината и шармот на островот, посета на археолошкиот град Акротири, црвената плажа, Манастирот Св. Илијас, Калдера, а во вечерните часови посета на Оиа каде што ќе уживате во најубавиот залез на сонцето. Крстарење, посета на новиот вулкан Пес, капење во топлите води на стариот вулкан, романтични моменти како и многу други изненадувања.

Искористете ја оваа неповторлива понуда бидејќи имате безброј причини да го доживеете патувањето од соништата на романтичниот Санторини, а Флај Туризам ќе се погрижи вашите желби да станат реалност.

Прегледи:
601
Објавено на:
03.08.2017