Категории

Форбс ја објави листата: Скарлет Јохансон е најплатената актерка во светот

Американската актерка Скарлет Јохансон е најплатената актерка во светот, според списанието „Форбс“.

Во изминатата година, 33-годишната ѕвезда заработи 40,5 милиони долари. Поголемиот дел од парите доаѓаат од учество во „Одмаздниците“.

На второ место на листата е Анџелина Џоли со 28 милиони долари, следена од Џенифер Анистон со 19,5 милиони долари.

Понатаму во рангирањето се добитничката на „Оскар“, Џенифер Лоренс со 18 милиони долари, Рис Витерспун со 16,5 милиони долари, Мила Кунис со 16 милиони, Џулија Робертс со 13 милиони, Кејт Бланшет со 12,5 милиони, Мелиса МекКартни со 12 милиони и Гал Гадот со 10 милиони долари.

Списанието ги пресметува заработените од актерките пари за периодот 1 јуни 2017 година – 1 јуни 2018 година.

Вкупно десетте најплатени актерки во светот во текот на овој период  заработиле 186 милиони долари.

Прегледи:
682
Објавено на:
17.08.2018