Категории

Формула за среќа: Од овие навики се ослободени среќните луѓе

Луѓето кои со леснотија и насмевка чекорат низ животот, имаат нешто заедничко: некои работи едноставно засекогаш ги исфрлиле од својот живот – а тоа треба да го направи и секој од нас!

Не се замараат со тоа што другите мислат за нив

Среќните луѓе не зависат од туѓото мислење. Токму напротив, тие не ја трошат својата енергија на тоа што другите мислат за нив, туку работат на себе и сопствениот напредок.

Не се секогаш достапни

Среќните луѓе понекогаш го оставаат мобилниот телефон негде на страна – и немаат чувство дека ќе пропуштат нешто. Уживаат во слободното време и се занимаваат со луѓето кои во моментот се во нивно друштво, а не виртуелно.

Не сметаат дека другите се одговорни за нивната среќа

Доколку на среќните луѓе нешто не им оди според планот, тогаш не ја бараат вината во другите, туку размислуваат што треба да променат во иднина.

Слободното време не го поминуваат пред телевизор

Нормално, и среќните луѓе понекогаш гледаат некоја добра серија на телевизија. Меѓутоа, таквите вечери не се правило, туку повеќе исклучок. Претпочитаат да го поминат слободното време со драгите личности и конструктивни разговори.

Не живеат во минатото

Порано се беше подобро? Тоа не е вистина! Среќните луѓе живеат и делуваат СЕГА и се обидуваат без компромис секогаш да го извлечат најдоброто од секој момент.

Прегледи:
489
Објавено на:
06.02.2018