Категории

(ФОТО) Кого чекаше Елена Ристеска во хотелската соба во Белград?

Македонската поп ѕвезда, пејачката Елена Ристеска е во Белград. Дотерана, нашминкана, легната на креветот, таа во хотолската соба подготвена чекаше… Но, кој е човекот поради кого македонската пејачка замина дури до српската метропола? Дали заради дискреција, или тој е таму, па таа отиде за да се види со него? И зошто тој не дојде тука, ако веќе е во прашање…

Не, не е во прашање љубов! Елена замина да се види со него, со својот пријател, колега и соработник, регионалната музичка ѕвезда Хари „Мата Хари“ Варешановиќ, со кого има заедничка дует песна на неговиот нов албум „Килим“. А токму во Белград, Хари и екипата го снимаа спотот за нивната заедничка песна „Још ме плашиш“.

Елена во паузата помеѓу две снимања, отиде малку да се одмори, па во паузата направи неколку фотографии меѓу кои и селфито од хотелската соба, како најава за она што во моментов го работи. А кога е таа во прашање, дилема-нема:  Елена е секогаш спремна за акција!

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
644
Објавено на:
18.02.2017