Категории

Фото: Мајка на три деца која тежела 102 килограми, а сега има само 56

Мајка, која тежела 102 кг по раѓањето на своето трето дете, успеала да намали 46 кг откако целосно го променила нездравиот и неактивен начин на живот.

Сара Рејнолдс од Онтарио никогаш не внимавала на својата исхрана, бидејќи пред да стане мајка, немала големи проблеми со тежината. За неа, храната била само храна, а напишаното на етикетите било сосема неважно.

Но, по раѓањето на третото дете, килограмите започнале да ѝ влијаат на самодовербата. 31-годишната Американка започнала да ги избегнува пријателите и не сакала да облече костим за капење. Поради тоа, пропуштала скапоцени моменти од детството на своите малечки.

Сара одлучила да го подобри својот изглед откако била означена на фотографија на Facebook која ѝ ја покажала реалната слика за нејзиниот изглед. Иако и многупати претходно таа сакала да направи промени, тој момент ѝ бил решавачки.

majka3

„Тогаш, тој ден, тој голем ден промени сè. Фотографија од мене беше објавена на Facebook. Тоа беше најголемиот повик за будење во мојот живот. Брзо ја отстранив ознаката од фотографијата. Доволно беше. Не сакав да се сретнам со пријателите, пропуштав моменти од детството на моите деца и не можев да ја поднесам реалноста од сопствениот изглед“ – пишува таа на својот сајт.

Малку по малку, 31-годишната Американка која никогаш претходно не внимавала на својата исхрана и на физичката активност, започнала да ги брои калориите и да внимава колку внесува во текот на денот.

majka4

1 2

Прегледи:
595
Објавено на:
05.05.2016