Категории

Фото: Мајка на три деца која тежела 102 килограми, а сега има само 56

„Започнав да се едуцирам себеси за нутриционизам и добри навики на исхрана. И започнав да трчам. Одлучив да трчам 5 вечери во неделата по 1,5 километар. Првиот километар за малку ќе ме убиеше… Но, се чувствував добро. Повеќе не бев лута и бесна на моето тело, бидејќи активно правев нешто за да го променам тоа“ – вели Сара, која признава дека има вишок кожа на стомакот и многу стрии поради трите бремености и големото слабеење.

majka5

Со помош на приказни од инспиративни личности кои веќе го имале изминато нејзиниот пат, решителната мајка започнала да вежба дома и да ги вклучува децата во своите тренинзи. „Тие сакаат да бидат дел од моите тренинзи и сум горда што тие го гледаат како приоритет моето вежбање секој ден. Сакам да им бидам пример“ – пишува таа.

majka6

„Мојата приказна не е само за слабеењето. Тоа е приказна за трансформација на умот, телото и душата. Едното без другото не можат“ – смета Сара, која сака да инспирира други родители да живеат поздрав начин на живот, не само за нив, туку и за нивните деца.

majka7

„Сакам да им порачам на мајките дека заслужуваат да живеат поздраво. Голема е веројатноста и да станат подобар родител поради тоа. Јас имам повеќе енергија одошто сум имала некогаш. Сè што правам јас за мене, се одразува и на нив. Тие гледаат и учат“ – порачува Сара и тврди дека сега не само што има поголема самодоверба и енергија, туку и е поздрави и посилна отсекогаш.

majka8

1 2

Прегледи:
596
Објавено на:
05.05.2016