Според некое непишано правило, секој од нас има свој двојник некаде на планетата, кој наликува физички или карактерно на нас. Ми личиш на овој или оној, е фраза која често знаеме да ја слушнеме или изговориме.
Па така, кога веќе ги бараме сличностите, тогаш несомнена е споредбата на нашата убава млада актерка Драгана Левенска со турската актерка Ханде Догандемир или попозната како Ѓокче од серијата „Љубовта на мојот живот“.
Двете имаат сличности во поглед на физичкиот изглед, што од фризурата, темните очи, стилот на облекување, но најмногу по широката насмевка која им е речиси идентична..
Секако, освен физичкото ги поврзува и тоа што и двете имаат иста професија – актерство. Драгана неколку години е актерка во Македонскиот народен театар, а досега има играно во бројни театарски претстави како „Генетика на кучињата“, „Вртелешка“, „Животот е прекрасен“, „Многу врева за ништо“ „Вејка на ветрот“ и многу други.
Освен тоа, често е ангажирана и за синхронизирање на серии, но вели дека најмногу ја исполнуваат улогите на ликови кои се различни од нејзиниот карактер.
Иако не е обожавател на апликации по социјалните мрежи кои откриваат на кој познат лик потсетуваме, ние ја направивме споредбата за нашата актерка, која веруваме ќе се сложи со ова „препознавање“.
Извор : Вистина.мк