Категории

ФОТО: На училиште го исмејувале поради дебелината, сега девојките лудуваат по него!

Остин Шифлет денес изгледа како модел по кого девојките воздивнуваат, но за таков изглед морал добро да се намачи.

На училиште го нарекувале дебел бидејќи килограмите непрекинато му се зголемувале се додека не достигнале до 150, пишува Дејли Мејл. Бил зависен од брза храна и газирани пијалаци. Тоа му го нарушило здравјето па докторите му рекле дека нема долго да живее доколку продолжи со тој начин на исхрана.

Започнал со Аткинсонова диета и килограмите почнале да се намалуваат. Откако за 3 месеци изгубил 35 килограми, започнал да оди во теретана и да гради мускулна маса. Денеска има околу 75 килограми и изгледа тотално непрепознатливо.

Остин вели дека губењето на прекумерната тежина му помогнало во подобрување на здравствената состојба, како и животот: “Многу ми помогна во врска со девојките. Претходно не сакаа да разговараат со мене. Сега некои кои ме малтретираа сакаат да им дадам совети за вежбање – тоа е најдобриот дел.”

Тој сега гради кариера како машки модел, сепак вели дека не е злопамтило и дека не замерува на никој кој го исмејувал. Тоа му помогнало само да го реши својот проблем и да го промени животот од темел.

Прегледи:
455
Објавено на:
09.07.2016