Категории

ФОТО: Сара Конор и Терминатор по 34 години позираа заедно

Во далечната 1984 година, односно пред 34 години се емитуваше мега филмскиот хит „Терминатор“ во кој глумеа Арнолд Шварценегер како Терминаторот и Линда Хамилтон како Сара Конор .

Сега тие повторно снимаат заеднио на шестото продолжение кое започна да се снима годинава во месец јуни.  По повод роденденот на актерката која денес има 62 години Арнолд напиша:

– Среќен роденден на мојата драга пријателка Линда Хамилтон. Таа е една од моите омилени колешки, прекрасно суштество. Возбуден сум што повторно сме заедно, напиша актерот.

Новото продолжение на овој филмски хит се очекува да биде во месец ноември 2019 година.

Прегледи:
533
Објавено на:
28.09.2018