Категории

ФОТО: Се качиле на Монт Еверест за да се венчаат!

Тргнале од Калифорнија, патувале илјадници километри и неколку недели се качувале по планината да стигнат на надморска височина од 5 180 метри – за да се венчаат.

35 годишниот Џејмс Сисом и 32 годишната Ешли Шмајдер знаеле дека класична венчавка не е за нив. Една година го планирале потфатот и се соочиле со сите опасности, студот, заморот, но успеале – се венчале на Монт Еверест.

– По долго размислување одлучивме дека традиционална венчавка не е за нас. Колку и да сакавме тој момент да го споделиме со семејството и пријателите, и двајцата не привлече оваа идеја. Ние ја сакаме природата, веќе имавме искачено 4 200 метри, но знаевме дeкa патот до базниот камп на Монт Еверест ќе биде многу потежок, и физички и психички, од се што претходно сме доживеале – вели Ешли.

Го убедиле фотографот Чарлтон Черчил кој тргнал со нив од Калифорнија и – успеале!

На 5 180 метри надморска височина, тие го рекле судбоносното ДА, а Черчил го овековечил моментот!

На -20 степени, младоженецот во костум, невестата во венчаница и чевли за планинарење!

– Сакав да го документирам патот до венчавката, со се што ги следеше – болка, борба, среќа, умор, но и љубовта што ја чувствуваат еден за друг. Уште повеќе, сакав да го доловам моментот на контраст меѓу величествената планина и кревката љубов меѓу двајца – рече Чарлтон Черчил, фотограф специјализиран за документирање на авантури и ризични потфати.

По венчавката, Ешли и Џејмс ги чекал хеликоптер да ги врати дома.

Прегледи:
342
Објавено на:
14.05.2017