Категории

(ФОТО) Синоока убавица од познато семејство: Озан од „Парампарче“ за првпат ја покажа девојката!

Младиот турски актер Бурак Тозкопаран кој ја игра улогата на Озан во хит серијата „Парампарче“ досега ја чуваше приватноста како змија нозете.

На неговиот профил на Инстаграм редовно објавува нови фотографии, но се досега не се случило да ја покаже саканата. Деновиве се шпекулира дека младата убавица со која е на една од последните фотографии не е позната личност, но потекнува од угледно и познато семејство во Турција.

Обожавателките на големо коментираат дека не се разочарани од изборот, но се уште не е сигурно дали синооката девојка навистина е во врска со Бурак. Сепак, ако се суди според тоа што во описот на фотографијата тој стави само едно срценце, претпоставките дека конечно реши да ја покаже избраничката станаа поуверливи.

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
484
Објавено на:
21.03.2017