Медиумите ширум Европа деновиве на големо го пренесуваат интервјуто во кое актерката Нурѓул Јесличај јавно откри дека актерот и колега Еркан Петекаја или Џихан и вршел мобинг за време на снимањето.
Токму нејзиното самоволно напуштање на серијата доведе и до промени во сценариото, кое сепак носи нови неочекувани драматични сцени, но и нова љубов во животот на Џихан.
На социјалните мрежи и на интернет енциклопедијата Википедија каде е напишан синопсис од сценариото, за верните гледачи стои и појаснување дека во наредните сезони ќе се појави Ајше, дама која лудо ќе се заљуби во Џихан.
Станува збор за актерката Шукран Овал, која според фановите е многу поубава од Ѓулсерен. Но, дали ќе успее оваа романса на богатиот турски бизнисмен – останува да следите…
Извор : Вистина.мк