Фотографиите на синот на Дензел Вашингтон предизвикаа бурни реакции кај жените од целиот свет.
Упадливо згоден спортист и актер, Џон Дејвид излегол на сцената со својот татко и целото семејство на доделувањето на Златниот глобус, после што никој веќе не гледал во наградениот актер.
Иако имал само девет години кога прв пат се појави во филмот Малком Икс во кој неговиот татко ја играл главната улога, синот на Дензел на колеџ играл американски фудбал, од што и живеел.
Што се однесува до актерството, се плашел, како што рекол од големата сенка на својот татко.
Дензел Вашингтон тогаш му рекол:Мислиш дека мојата сенка е голема?Дали си слушнал за Кирк Даглас. Џон му рекол Не.
Тогаш го прашал дали некогаш слушнал за Мајкл Даглас. Џон рекол Да.
Дензел тогаш на синот му рекол да го изгугла Мајкл Даглас, па да се врати да зборуваат повторно за неговата сенка.
Згодниот Џон очигледно го послушал неговиот совет.