Категории

ФОТО+ВИДЕО: Оваа убавица е „Мис Универзум“

Претставничката на Јужноафриканската Република, Деми-Ли Нел-Питерс, ја освои титулата „Мис Универзум”, на синоќешната гала свеченост којашто годинава се одржа во Лас Вегас.

За прва придружничка на 66-то издание на овој натпревар за убавина е избрана „Мис Колумбија”, Лаура Гонзалес, а за втора – „Мис Јамајка”, Давина Бенет.

На изборот учествуваа девојки од вкупно 92 држави. За првпат во историјата годинава на него учествуваа девојки од Камбоџа, Лаос и Непал.

Македонија немаше своја претставничка на натпреварувањето годинава.

https://www.youtube.com/watch?v=JtpsEQ5PHKs

Прегледи:
337
Објавено на:
27.11.2017