Категории

ФОТО: Владо Јаневски си фати млада девојка

Очигледно не е никаква случајност тоа што Дунавка Трифуновска ја има главната улога во најновиот видеоспот на познатиот пејач Владо Јаневски за песната „Главен град на тагата“.

1ТВ“ oбјави папарацо-фотографии токму од Владо и Дунавка, направени пред еден познат охридски хотел.

– Владо ја чекаше можеби половина час во неговиот автомобил и од она што можев да забележам, беше прилично нервозен. По некое време излезе од автомобилот и се упати на рецепцијата на хотелот каде во тој момент се симна и Дунавка. Веднаш го напуштија хотелот и влегоа во неговиот автомобил – ни изјави сведок на оваа случка, кој од разбирливи причини сакаше да остане анонимен.

По се изгледа Владо и Дунавка се веќе некое време во љубовна врска, а според нашите информации, парот неколку пати е виден и во познати скопски ресторани и кафулиња.

Прегледи:
604
Објавено на:
23.07.2018