Категории

Фотографија од град однопаку во облаците која изгледа како да е фотошоп, но не е!

Кога Марк Херш се приближил кон аеродромот во Чикаго во 2014, ни на крај памет не му паѓало што го очекува. Додека гледал од авионот низ прозорецот, сликал фотографија која му изгледала интересно со неговиот iPhone. Резултатот е надреална слика која ден денес го кружи интернетот и сите ги остава вчудоневидени.

На прв поглед, овој однопачки град во облаците изгледа како работа на дигитален уметник. Меѓутоа, она што го гледаме не е воопшто дигитално манипулирано. Всушност, гледаме игра на светлина и рефлексија. НАСА и нивниот тим на експерти го објаснија овој феномен.

Гледаме многу интересна рефлексија, благодарение на езерото Мичиган. Тоа се протега на нешто повеќе од 58000 квадратни километри, така што претставува совршено огледало. Во овој случај, можно е да се гледа сонцето и над и под облаците, и всушност ја гледаме рефлексијата на сонцето која оди до езерото и се враќа назад кон облаците. Фактички, тоа се сенките на градот!

Откако Херш ја објавил фотографијата во 2014, таа станала вирална и му ја лансирала кариерата како форограф. На некои, сликата им е фасцинантна од чисто физички причини, некои ѝ придаваат спиритуални квалитети, а на некои едноставно им изгледа убаво.

Моментално Херш се занимава со рефотографија – техника која спојува фотографии од минатото со модерни фотографии од истите места, за да ја покаже еволуцијата низ времето.

Прегледи:
658
Објавено на:
13.08.2020