Категории

Фотографка поминала часови чекајќи на мост за да направи совршени фотографии

Најдобрите фотографии се оние кои се спонтани, кои доловуваат момент од секојдневието, а тој момент е уловен со камерата во совршено време. 

loesheerinkhanoi

За да добие совршени фотографии, фотографот Loes Heerink поминала часови на мостот, се со цел да ги улови уличните продавачи и нивните колоритни „подвижни тезги“ во совршен момент. Уличните продавачи стануваат во 4 часот наутро и со нивните велосипеди носат свежо овошје и цвеќиња, и поминуваат многу километри во текот на денот. Heerink живеела во Виетнам многу години и била фасцинирана од уличните продавачи, толку многу, што сакала да ги овековечи на несекојдневен начин.

Се позиционирала на различни мостови низ Ханои и чекала стрпливо да поминат уличните продавачи со нивните шарени велосипеди. Раскажува како на еден мост седела пет часа, а не направила ниту една фотографија.

„Овој проект го започнав заради мојата фасцинираност кон жените кои носат разни производи, а не се свесни колку убаво изгледаат нивните велосипеди, но се свесни дека создаваат мали парчиња уметност секојдневно.“

 loesheerinkhanoi2

loesheerinkhanoi3

loesheerinkhanoi4

loesheerinkhanoi5

loesheerinkhanoi9

loesheerinkhanoi10

loesheerinkhanoi12

Прегледи:
436
Објавено на:
25.10.2016