Природната убавина е основата на нашиот идентитет, но честопати токму тоа не прави несигурни кога зборуваме за физичкиот изглед.
Поради тоа, луѓето се почесто се одлучуваат да применат некоја естетска корекција на своето лице која ќе им ја врати самодовербата и ќе се чувствуваат задоволни, а задоволството и среќата се карактеристики на успешните луѓе.
Врвната естетика и беспрекорната убавина е возможна, но за да се добие посакуваниот резултат потребни се талентирани раце и беспрекорна техника. Затоа, доколку сакате да направите некоја естетска промена кај себе, неопходно е да се уверите дека вашата доверба ја препуштате на вистински професионалци.
За таа цел, во сабота, на 4-ти ноември, веледрогеријата и едукативниот центар “Орто Дента ЕС” ќе бидат домаќини на едукацијата од страна на професорот доктор Jean Pierre Amseleem, на која македонските доктори ќе имаат можност преку теоретски и практичен дел да дознаат како најдобро се прави тоа и воедно што е неопходно за да се врати свежината на лицето, добивање правилна симетрија, техники на апликација со канила и анатомија на опасни зони, како и корекции на несаканите резултати.
Преку повеќе специјализации, со неговата богата и плодна биографија, овој професионален предавач и едукатор уште од 1994 година, зема учество на многубројни конгреси и семинари низ светот на теми како “Липопластика на телото”, “Цервико – фацијална липопластика”, “Третирање на бори на кожата” глобални третмани на лице.
Во сабота доаѓа во Скопје за да им покаже на сите заинтересирани доктори како се креира естетската убавина со помош на 3Д скулптурирањето на лице со хијалуронски филери.
Многумина имаат страв од овие естетски зафати, но знаете ли што се хијалуронските филери?
Тоа е нешто совршено. Нешто со кое безболно, безопасно, моментално и веднаш очигледно е возможно да се подмладите. Ги пополнуваат брчките, се елиминираат темни сенки и подочници, враќајки го волуменот, ведрината и контурите на лицето, служат за зголемување на усни, корекција на асиметрични усни, нехируршка ринопластика, т.е. корегирање на несовршености на носот итн. и не само да го подмладат лицето, туку можат да ја подмладат и интимната регија, а тој вид интервенција станува се попопуларен во светот и кај нас.
Филерите се вбризгуваат во саканата регија и тука остануваат околу 9-12 месеци со тоа што со секое следно ставање на филерот неговиот ефект трае се подолго. После 2-3 интервенции а филерите остануваат во кожата и по 2-3 години, па потребата од нивно повторување се повеќе се намалува.
Зошто Stylage е вистинскиот избор?
Нашиот организам постојано ја создава хијалуронската киселина, иако со текот на годините се помалку и помалку. Оваа интервенција во голема мера е безбедна, а Stylage е еден од најквалитетните производи кои може да ги најдете на пазарот.