Француските месари побарале од министерот за внатрешни работи полициска заштита поради напади и „насилство“ од страна на веганите кои се противат на консумацијата на месо и храната за стока.
„Сметаме на вашите услуги и на целата влада што побргу да престане физичкото, вербалното и моралното насилство кое го трпат месарите“, се наведува во писмото кое е потпишано од претседателот на Француската конфедерација на месари, продавачи на сувомеснати производи и деликатеси.
Речиси 18.000 месари во Франција се загрижени за последиците поради претераното промовирање на веганскиот начин на живот во медиумите, како и напорите на веганите да го наметнат својот начин на живот, а и својата идеологија.
Во северниот дел на Франција, седуммина месари биле испрскани со крв, една месара и рибарница биле вандализирани, излозите искршени, а на фасадата пишувало „стоп за специзмот“, односно верувањето дека еден ви е поважен од другите.