Категории

Французинка на суд 3 години се обидува да докаже дека е жива

Една жена во Франција е вклучена во бизарна правна битка затоа што беше принудена да се обиде да докаже дека е жива откако беше прогласена за мртва во 2017 година.

Невообичаениот случај започна откако судот во Лион ја прогласи Џин Пушан за мртва без потврда за смрт. Пресудата дојде на крајот на правниот спор со поранешен вработен во компанијата за чистење што Пушан некогаш ја водела. Жалбата заврши пред највисокиот француски суд – Касациониот суд, кој пресуди дека случајот не е во негова надлежност. По неколку судски грешки, сето тоа заврши во апелациониот суд во Лион кој одреди дека Џин веќе не е жива. Според францускиот весник Франс Блу, одлуката е донесена врз основа на тврдење на незадоволен поранешен вработен, без проверка на потврдата за смртта.

Пушан вели дека ниту таа ниту нејзините роднини не добиле покана за испрашување. На крајот, судот им нареди на сопругот и синот Џин Пушан да платат 14.000 евра на поранешната вработена. Освен што е прилично чудно да се прогласува за мртва додека е сеуште жива, пресудата донесе низа компликации. Бидејќи е „мртва“, тоа значи дека нејзиниот сопруг не може да пристапи до нивната заедничка сметка во банка, а таа нема своја сметка, не може да има лични документи или да добие здравствено осигурување.

“Повеќе не постојам. Не правам ништо. Седам на верандата и пишувам”, им се пожали Џин на новинарите и додаде дека премногу се плаши да го напушти својот дом. Властите и го одзедоа автомобилот на 58-годишната Французинка заради неплатен долг што таа исто така се обидува да го оспори, што е во основата на целата оваа чудна сага.

“Отидов кај адвокат кој ми рече дека сè ќе се реши многу брзо. Бев со мојот лекар кој ми даде потврда дека сум добро и дека сум навистина жива, но очигледно овој документ не е доволен бидејќи се спротивставува на пресудата на судот “, вели Пушан. Адвокатот, кој на почетокот не можеше да поверува зошто Џин го вработила, поднесе и барање за поништување на одлуката од 2017 година поради „сериозна грешка“.

Пушан се надева дека наскоро сè ќе се реши на суд: „Ова е мојата последна шанса да си го вратам животот“.

Прегледи:
552
Објавено на:
23.02.2021