Категории

FREELANCER’S NEW YEAR’S EVE PARTY!

Здраво фриленсери! 👋

Startup Club Skopje, Upwork Huddle и FREELANCEDONIA – Унија на Македонски Фриленсери на ден 27.12.2023 (Среда) во 21:00 часот организираат предновогодишна networking забава за фриленсери, во просториите на Стартап Клуб – Среќа Бар Скопје. Влезот е бесплатен, настанот е отворен за сите, со посебен фокус на фриленсерите.

Оваа предновогодишна networking забава е идеална можност за вмрежување со други фриленсери, размена на искуства, позитивни вибрации и квалитетно поминато време со луѓе кои имаат слично секојдневие како вас. Сите фирми организираат предновогодишни прослави, па така нема да дозволиме фриленсерите да бидат заобиколени. 😊

Доколку сте фриленсер, remote worker, имате желба за вмрежување или едноставно сакате да бидете дел од ваков настан, ве охрабруваме да ја исполните оваа форма и на 27.12.2023 (Среда) во 21:00 часот да ни се придружите на оваа предновогодишна networking забава во Среќа Бар Скопје!

https://forms.gle/x9ypRQzffVDCebUG9

Влезот е бесплатен, бројот на слободни места е ограничен. Да ја затвориме оваа успешна година во пријатно друштво, со интересни разговори, вмрежување и позитивни вибрации, за 2024 да биде уште поуспешна! 🎉

-Тим на Startup Club Skopje, Freelancedonia и Upwork Huddle.