Категории

Фридрих Ниче: Колку повеќе ги раширите рацете, толку полесно ќе ве распнат!

Фридрих Ниче не поседувал филозофско образование. Посоодветно е да го наречеме мислител, филолог, композитор и писател. Тој ги ставил под сомнеж основните принципи во актуелната морална, верска и културна форма.

1. Кога ќе почнете да го цените она што навистина го имате, а не да живеете во потрага по идеали, ќе бидете вистински среќни.

2. Оној кој има „зошто“ да живее, може да ги поднесе речиси сите „како“.

3. Еден човек несреќен или среќен го прават само неговите мисли, а не надворешните околности. Господарејќи со своите мисли, тој господари со својата среќа.

4. Оној кој две третини од денот не може да одвои на себе, треба да се смета за робот.

5. Нема прекрасна површина без застрашувачка длабочина.

6. Она што не ме убива ме прави посилен.

7. Ако сте решиле нешто да преземете, затворете им ја вратата на сомнежите.

8. Постојат две патеки кои можат да ве спасат од смрт: брза смрт и долга љубов.

9. Колку повеќе ги раширите рацете, толку полесно ќе ве распнат.

10. Со човекот се случува истото што и со дрвото. Колку повеќе тежнее кон врвот, кон светлината, толку повеќе неговите корења се закопуваат во земјата, во мрак и длабочина – кон злото.

11. Завидливите луѓе честопати го осудуваат она што не го знаат и ги критикуваат оние на чие ниво никогаш нема да бидат.

12. Не сум потресен дека ме излажа, туку затоа што повеќе нема да можам да ти верувам.

13. Не треба премногу да размислувате. Така создавате проблеми кои на почетокот не постоеле.

14. Најблиска личност е онаа која го знае твоето минато, верува во твојата иднина и во сегашноста те прифаќа онаков каков што си.