Категории

Фридрих Ниче умрел проколнувајќи го Бог, на смртна постела бил во огромни маки

После мозочниот удар започнале неговите денови на лудило

25 август, 1900, во 55 годишна доба, умре Фридрих Ниче. Германскиот философ, еден од најострите критичари на западната цивилизација, култура и христијанство.
Како првобитна дијагноста се сметал терцијарен сифилис. Сепак, постојат и други хипотези, а после неговата смрт се проширила и една необична приказна..

Славниот германски философ Фридрих Ниче, на 3 јануари 1889 во Торино доживеал потполен нервен слом. Што точно го предизвикало не е познато, но се зборува дека Ниче присуствувал на камшикувањето на еден коњ на плоштадот Карл Алберт во Торино. Во еден миг притрчал кон несреќното животно, го прегрнал околу вратот а потоа само се онесвестил на земјата.

После мозочниот удар, Ниче почнува да пишува необични писма на своите пријателки и да ги потпишува со “Dionis”, иако на некои од нив се наоѓа и натпис “der Gekreuzigte”, што значи “Распнат”. Кратките писма познати и како “Писма на лудилотото”, ги испраќал на Козим Вагнер и Јакоб Буркарт.
Размислувањата по кои Ниче е најпознат се однесуваат на неговата критика на христијанството за кое верувал дека пропаѓа. Изреката “Бог е мртов” секако остана како најпознатото мото на Ничевата философија. Верувал дека, поради напредокот во добата на просветителството, Бог повеќе не е веродостоен извор на апсолутни морални принципи.

Едно од објаснувањата за неговото лудило е и растењето на ретроорбиталниот менигом што може да биде причина за деменција. Од друга страна, поедини стручњаци тврдат дека лудилото може да биде резултат од труење со жива, која тогаш се користела за лечење на сифилис. Ниче во 1989 и 1899 претрпел барем два мозочни удари, кои го оставиле парализиран, неспособен да оди и да зборува. После тоа оболел од воспаление на плуќата, доживеал уште еден мозочен удар и починал во август 1900,
Сестра Елизабета го погребала покрај неговиот татко во црквата во Лицен, а неговиот пријател Гаст на посмртниот говор рекол дека неговото име ќе биде „светло на генерациите кои доаѓаат“

Прегледи:
621
Објавено на:
02.10.2019